КОШАРКАСПОРТ

Харден: Јас не сум системски играч, јас сум системот

Џејмс Харден конечно ја исполни целта и го доби посакуваниот трејд. „Брадата“ заврши во Лос Анџелес Клиперс во зделка која профитираше и Филаделфија. На презентацијата во новата средина, Харден даде интересна изјава. Тој во свој стил, зборуваше за себе со епитети и нагласи дека не е системски играч, туку е цел систем.

„Кога заминав од Бруклин, мислев дека ќе се пензионирам во Филаделфија. Сепак, управата имаше други планови, не ме сакаа таму.  Мислам дека јас сум креатор на теренот. Ако би имал шанса, би кажал: „Еј тренери, што мислите за ова?

 

Потребно ми е да работам со некој кој ми верува и ме разбира. Јас не сум системски играч, јас сум системот. Значи, сакам некој да разговара со мене, да разбира и да одиме напред, да се прилагодуваме во од. Не се работи за тоа да давам по 30-40 поени на натпревар, тоа веќе во правев“, изјави Харден.

Во Калифорнија, Харден третпат во кариерата ќе се спои со Расел Вестбрук, кој веројатно беше една од причините за неговото доаѓање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button