СПОРТ

Синер се откажа од Мастерсот во Мадрид, Аласим во полуфинале

Вториот светски тенисер Јаник Синер ги откажа настапите на мастерс-турнирот кој се игра во Мадрид, Шпанија, а беше во четвртфиналето.

Италијанецот требаше да игра меч со Феликс Оже-Аласим од Канада, меѓутоа имаше проблеми со повреда и мораше да се откаже.

Проблем за Синер беше колкот со кој имаше проблем цела седмица и во кој чувствуваше болки. Така, по препорака на лекарите тој реши да се повлече за да не настанат дополнителни проблеми.

Оже-Аласим во полуфиналето ќе игра со Данил Медведев или Јиржи Лехечка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button