СПОРТФУДБАЛ

Беќири: Hема простор за еуфорија, најважно е да се подготвиме за секој натпревар

Шкендија одигра меч за паметење против Брера, откако тетовци се вратија од негатива од 0-2 и со победа од 3-2 ги искористија „киксовите“ на Струга и на Шкупи, израмнувајќи се со овие екипи во трката за титулата во македонскиот шампионат.

Јетон Беќири имаше причина за задоволство од ваквиот развој на настаните во вчерашното коло од ПМФЛ, но стратегот на тетовци ги потсети своите избраници дека најтешкиот дел од сезоната допрва доаѓа.

„Се чини дека секогаш правиме луди работи на нашите натпревари, си ја компликуваме ситуацијата. Ова во секој случај е една од најчудните победи што ја имам забележано во кариерата, но најважно е што триумфиравме. Во одредени моменти многу слабо реагираме во одбраната, правиме работи што не смеат да се прават и му отвараме простор на противникот за контранапади. Оваа победа не беше среќна, иако губевме со 0-2 по 75 минути игра. Бевме подобар противник, покажавме карактер и заслужено победивме. Сепак, најважниот дел од сезоната допрво доаѓа. Се наоѓаме во добра позиција, но немаме ниту бод предност, така што нема простор за еуфорија. Најважно е добро да се подготвиме за секој нареден натпревар, јас верувам во моите фудбалери и во она што го работевме сиот овој период“, изјави Беќири.

Шкендија во следното коло ја очекува гостување против директниот ривал за титулата, тимот на Шкупи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button