
Трошоците за живот минатиот месец се зголемиле за 3,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со октомври 2022 година, забележан е пораст од 3,4% на индексот на цените на мало на храната и безалкохолните пијалаци. Според месечниот статистички извештај, цените на гасот се зголемиле за 3,9%.
„Зголемување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадото и слатките за 2,4%…“; наведуваат од ДЗС.
Намалување на цените имало кај млекото, јајцата, зеленчукот, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, пивото, сирењето, урдата, месото, лебот, житариците и маслото.
„Податоците се одлични во однос на намалување на цените на основните прехранбени производи, со што се докажува дека институциите имаат донесено мерки со внимание, кои се ориентирани во интерес на потрошувачите и во ублажување на економската криза“, рече министерот Бектеши.
Стапката на инфлација во октомври била 3,5% и е преполовена во споредба со предминатиот месец.
Аднан Ќаили