ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Девијантни појави во училиштата во Тетово

Дрога, тепање, ладно оружје и проституција. Овие појави, според истражувањето на општинскиот совет за превенција од детска деликвенција, биле констатирани во основните и средните училишта во Тетово. Учесниците на дебатата порачаа дека ширењето на овие девијантни појави е последица на недоволната соработка меѓу родителите, училиштата и другите релевантни институции.

Advertisements

„Алармантна е состојбата, особено во нашиот град, со двата пола и женските и машките, меѓу тинејџерите кои се претставуваат како консументи, но и како продавачи. Во однос на возраста, не само 14, туку имаме и под 14 години кои се занимаваат со овие негативни појави. Од податоците добиени од СВР и од Судот во Тетово имаме деца на возраст од 11 години кои се претставени како сторители на кривични дела“, вели Блерта Амети- претседател на општинскиот Совет за младинска деликвенција.

Според експертите, важно е ваквите случаи да се пријавуваат, а не да се кријат.

„Ќе ја истакнам главната улога што ја имаат родителите и колку разговараат со своите деца за она што го носи тајната проституција или употребата на наркотици и многу други девијантни однесувања. Постојаната комуникација со децата додека се надвор или на училиште би била многу важна за децата да ги кажат проблемите што ги имаат. Родителот е во заштитна улога на детето заедно со училишниот персонал“, вели Ардита Абдули- социолог.

Покрај соработката на родителите со училиштата, беше упатен апел и за зголемена полициска контрола во училиштата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button