ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По 1 000 скопјани дневно ќе може да ги заменат личните документи без закажување, МВР го отвори новиот пункт

Од денеска и официјално почна со работа пунктот во полициската станица Пролет во Општина Центар, каде што жителите на Скопје ќе можат без претходно закажување да се фотографираат и да остават биометриски податоци за замена на личните документи со новото уставно име Република Северна Македонија, согласно измените на Уставот по Преспанскиот договор.

Advertisements

По тој повод пунктот, кој е сместен во спортската сала на сообраќајната полиција во ПС Пролет, го посети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со раководството на МВР, кој рече дека се инсталирани десет нови работни станици каде што граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи.

„Од денеска и официјално почнуваме со процесот на фотографирање за лични документи и земање биометриски податоци на граѓаните од Скопје без притоа претходно да се закажува како редовна постапка со цел во определениот законски рок да можат до февруари 2024 година граѓаните да ја направат промената на личните документи што претставува задолжителна обврска по промената на Уставот. За тоа цел периодов инсталиравме десет нови работни станици каде што ќе можат граѓаните да извршат фотографирање за документите“, рече Спасовски по посетата на пунктот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button