Ќе се намалат ли платите на функционерите?

При претставувањето на буџетот за следната година Владата предвидела пари и за зголемените плати од 78 отсто на избраните и именувани лица.
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека буџетот за наредната година е адаптиран според постоечките закони, а за намалување на платите на функционерите ќе се интервенира со седум законски измени.
Согласно законот, функционерите треба да имаат ново зголемување во месец март согласно зголемувањето на просечната плата. Бесими за медиумите изјави дека во буџетот за 2024 година не биле вклучени пари за повисоки плати на државните службеници. Но, тоа значи дека не се планирани дополнителни средства за усогласување на платите на функционерите со просечната, која е зголемена во однос на минатата година. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска пред неколку дена изјави дека до крајот на годинава ќе се најде решение. Една од опциите е целосно нов закон за плати во јавниот сектор или да се направат измени на 7-те постоечки закони со кои се регулираат платите на државните службеници.
А, според Законот за плати и бонуси на избрани и именувани функционери, платата на министрите, директорите, обвинителите, судиите, градоначалниците на општините се пресметува врз основа на коефициент кој варира од 2,5 до 4,5. Коефициентот се множи со просечната плата и одреден функционер зема плата според висината на коефициентот за местото на кое е избран или именуван. Од Владата велат дека измените ќе ги донесат во текот на оваа година, но мора да одат во Собрание.Платите на 1.260 функционери во март годинава со одлука на Уставниот суд се зголемија за 78 отсто.
Аднан Ќаили