ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ќе ја одржи 131. седница

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 131. пленарна седница.

Advertisements

Како втора точка на дневен ред се Предлог-измените на Одлуката за основање на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија поднесени од опозицијата со кои се бара продолжување на рокот за повикување на сведоци за нови 30 дена.

– Во текот на изминатиот месец каде што се сослушуваа сведоци односно експерти, повеќе прашања и дилеми беа отворени отколку што беа разјаснети. Поради тоа што се појавија нови и важни околности за Анкетната комисија кои треба да придонесат до конечно утврдување на политичка одговорност и утврдување на прекршувањата на уставните и законските одредби, потребно е да се продолжи рокот за повикување на сведоци односно експерти во траење од 30 дена, се наведува во образложението на Предлог-измените.

На дневен ред на пленарната седница се и Предлог одлуката за избор на директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Предлог одлуката за избор на претседател и членови на Комисијата за жалби по јавни набавки, како и Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.

На оваа седница како осма точка е Дополнетиот предлог на деловник на Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button