Производителите заработуваат 3%, а трговците 30%
Власта го најави, но никаде го нема Законот за спречување на нефер трговски практики. Станува збор за појава кога се појавува голема разлика меѓу профитот на производителите и на трговците. Според некои анализи, има случаи кога производителите на некоја суровина имаат заработка од само 3%, а трговците си ги полнат џебовите со 30%.

Додека производителите и трговците меѓусебно се критикуваат кој заработува повеќе, а кој помалку во прехранбената индустрија, граѓаните и понатаму плаќаат скапо за основните производи. Од стопанските комори велат дека главна забелешка во предлог-законот за спречување на нефер трговски практики е оти производителите имаат вртоглави трошоци и едвај успеваат да заработат 3%, а трговците кои ги откупуваат овие производи од земјоделците и ги снабдуваат пазарите, заработуваат по 30%. Овој длабок јаз се очекува да се нормализира преку максимално утврдена стапка на профит од 10% за секој од актерите во синџирот на слободниот пазар.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека наместо Владата со закон да го контролира пазарот, треба долгорочно да ги стимулира локалните производители. Претседателот на оваа комора Менди Ќура смета рече дека државата не треба да го маргинализира пазарот со замрзнување на продажните цени на финалните производи, додека цената на залихите на суровини е неограничена на пазарот, а понекогаш и поскапо се купува отколку во странство.
„Во однос на инфлацијата мора да се вратиме и на каматната стапка која во последно време се зголеми од 3% на 6%, што автоматски ги зголеми трошоците за производство и ја зголемува цената на пазарот. Овој пораст на пазарот предизвика и пораст на инфлацијата. Платите во Македонија се зголемуваат и треба дополнително да се зголемат, а тоа ќе влијае на поголема потрошувачка, што пак влијае на стапката на инфлација“, вели Ќура.
За да се балансира пазарот, Министерството за економија подготви предлог-закон за спречување на нефер трговски практики, но сè уште не е доставен како конечен предлог до Владата. Овој закон се очекува да биде продолжение на мерките за замрзнување на цените со кои за одреден период се регулираше пазарот на големо и мало.
До периодот на енергетската и финансиската криза, лажната инфлација на цените на пазарот од страна на приватните фирми беше запрена со владини одлуки, а сега се очекува тоа да се регулира со закон. Стапката на добивка ќе нема да смее да надминува 10%. Како тоа ќе се постигне се очекува да се види од 1 јануари.
Аднан Ќаили