СПОРТФУДБАЛ

Приходите на Наполи се зголемија за околу 130 милиони евра

Наполи забележа рекорден профит од речиси 80 милиони евра за сезоната 2022/23, во која тимот стана шампион на Италија, пишува “Calcio e Finanza”.

Advertisements

Финансиските извештаи на клубот покажуваат дека минатата сезона остварил профит од 79,7 милиони евра. За споредба, во сезоната 2021/22 Наполи имаше загуба од нешто повеќе од 50 милиони евра. Тоа значи дека приходите на „наполитанците“ се зголемени за околу 130 милиони евра во однос на претходната година.

Целиот приход на „партенопеите“ за шампионската сезона изнесуваше 359,2 милиони евра, од кои 160,9 милиони се од телевизиски права, а 79,6 милиони од капитални добивки на трансфер пазарот. За време на сезоната 2021/22 година, приходот беше 175,9 милиони евра.

Што се однесува до расходите на клубот, нема значајна разлика, бидејќи во сезоната 2022/23 тие беа 241,1 милиони евра, а една година претходно нивната сума беше 242,5 милиони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button