
Лошите временски услови не дозволија пред десетина дена да се одиграат сите натпревари од 15. коло на ПМФЛ. Затоа натпреварите Силекс – Вардар и Струга Трим Љум – Воска Спорт ќе се одиграат утре од 13:00 часот.
Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше за промена на судиите за овие натпревари.
На дуелот Струга Трим Љум – Воска, на местото на Стојан Трпчевски ќе биде Игор Стојчевски како главен судија. Во вториот дуел помеѓу Силекс и Вардар, на местото на асистент судија, Даниел Василевски ќе биде замена на Мартин Петковски. Покрај овие два натпревари до крајот на полусезоната ќе се одигра уште едно коло./Gol.mk/