
Интер направи брилијантен потег во летниот преоден рок кога се во прашање голманите, заработи огромна сума, а доби уште поголем квалитет.
Интер му го продаде Онана на Манчестер јунајтед за 50 милиони евра, а го купи Зомер од Баерн Минхен за нешто повеќе од 6 милиони евра.
Во изминатото коло од Серија А, Јан Зомер постави рекорд во италијанската лига. Тој по 10. пат во првите 15 кола ја сочува својата мрежа и стана првиот голман во Серија А на кој му успеало тоа.