СПОРТФУДБАЛ

Идеалниот тим на Бензема, без Кристијано Роналдо и Меси

Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, го формираше својот идеален тим, а во него ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Французинот би сакал да го види Мануел Нојер како голман, а за дефанзивци ги избра Дани Алвеш, Пепе, Серхио Рамос, Марсело. Играчите од средниот ред се Клод Макелеле, Пол Погба, Зинедин Зидан и Роналдињо. Бразилецот Роналдо е негов партнер во нападот.

Карим Бензема во својот тим не го вклучи ниту португалецот Кристијано Роналдо со кој играше заедно во Реал Мадрид, ниту пак Аргентинецот Лионел Меси. Бензема (35) игра за Ал-Итихад од јули 2023 година. Оваа сезона, тој забележа 16 настапи за клубот, постигнувајќи 10 гола и четири асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button