МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Лабораториски потврдена африканска свинска чума, Делчево и Кавадарци – зони под надзор

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека два регионални центри, Делчево и Кавадарци, добиле известувања за заразни болести кај животните за присутната болест, африканска чума.

Advertisements

„Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) дека е донесено решение за определување заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста африканска чума на подрачјето на Општина Делчево, што трае од 30.11.2023 година. Заштитната зона ги вклучува селата Полето, Ветрен, Очипла и Габрово, а и градот Делчево, додека зоната под надзор ги вклучува селата Киселица, Селник, Драмче, Вратиславци, Илиово, Бигла, Косово Дабје, Чифлик, Звегот, Стамер и Град“, се вели во соопштението од ЦУК.

И Регионалниот ЦУК Велес ја пренесува информацијата од подрачната единица (ПЕ) на Агенција за храна и ветеринарство Кавадарци дека од 13.7.2023 година, на подрачјето на Општина Кавадарци во близина на с. Рожден имало помор на диви свињи, а исто така пцовисани диви свињи имало на повеќе локации во ридско-планинскиот дел пријавени од ловците.

„Лабораториски било потврдено дека се работи за болеста африканска чума“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button