ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Oбвинение за случајот „Поштенска банка“

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот „Поштенска банка“. Меѓу деветте обвинети се поранешниот градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Ратко Димитровски и бизнисменот од Гевгелија, Томе Главчев. Истрагата за предметот „Поштенска банка“ ја отвори веќе згаснатото Специјално обвинителство пред две години. Деветте лица се обвинети за перење пари во вредност од над девет милиони евра. Според обвинителството, обвинетите почнале со дејствијата уште во 2001 – вата година. Дополнително обвинителството донело наредба да се направи проценка на замрзнатиот имот на обвинетите доколку дојде до осудителна пресуда за да се направи конфискација.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button