ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хаос околу исплатата на 6.000 денари помош за пензионерите и ранливите групи граѓани

Банките сè уште немаат потпишани договори со Владата за да може да ги исплаќаат шесте илјади денари државна помош на сметка на граѓаните. Владата денеска одлучи до неопределено да го пролонгира рокот до кога парите требаше да се потрошат. Наместо до 25 месецов, 6.000-те илјади денари ќе може да се трошат и подоцна. Во меѓувреме, од Владата не добивме конкретен одговор со кои банки досега има договор и што доколку некоја од деловните банки не сака да биде дел од мерката? Во тој случај, каде и како би им се уплатиле пари на граѓаните кои имаат сметки во тие банки.

„Договорите се потпишуваат со сите банки со коишто граѓаните имаат трансакциски сметки, со цел планираната финансиска помош да стигне до социјално ранливите категории“, наведуват од Владата.

Граѓаните неколку дена се обидуваат на веб страната „Купувам домашно“ да проверат дали им следува државна помош, но таму стои инфомацијата дека податоците се ажурираат. Од Владата ни одговорија дека Генералниот сектаријат ги чека листите од институциите, за потоа да ги провери па да ги објави на веб страната.

„Надлежните институции ги прибираат податоците од корисниците, штом ги достават до Генералниот секретаријат, крајните листи со корисници ќе бидат објавени на веб страната: www.kupuvamdomasno.gov.mk“, додаваат од Владата.

Законот за финансиската подршка на граѓаните веќе петти ден е во сила по објавување во Службен весник. Мерката предвидува да опфати близу 300 илјади пензионири со ниска пензија, самохрани родители, деца без родители и пасивни баратели на работа. Оние кои немаат трансакциски или сметките им се блокирани ќе треба да вадат нови во банка. Добиените пари граѓаните нема да можат да ги вадат од банка или банкомат, туку само ќе може да ги трошат за купување на македонски производи.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button