ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, лекарите апелираат граѓаните да не се лекуваат „на своја рака“

Во Тетово и околината има повеќе лица заразени со корона вирус, отколку што кажуваат официјалните податоци. Така вели координаторот на ковид центарот во тетовската болница Гезим Нуредини. Тој вели дека пациентите одат со задоцнување во болница, а претходно не се тестираат. Нуредини апелира до пациентите да не пијат лекови, особено антибиотици, без препорака на матичен лекар.

„Има пациенти кои се опоравиле дома, примиле терапија и на крај пак доаѓаат во тешка состојба, а во однос на хоспитализацијата немаме намален број, затоа што овие пациенти кои се обидуваат да се опорават со различни алтернативи, повторно завршуваат кај нас и тоа во состојба кога веќе им е потребен кислород, но исто така и терапија. Не започнувајте со антибиотици затоа што земањето антибиотици една недела на почетокот на болеста, предизвикува отпорност, а кога ќе треба да даваме терапија нема да има ефект затоа што ќе создаде отпорност“, рече Гезим Нуредини- Координатор на ковид центарот во тетовската болница.

Во меѓувреме, во однос на состојбата со погодените од корона вирусот во областа на образованието, во градинките во Тетово има пет заразени и три одделенски групи во изолација. Во основните училишта има 12 позитивни наставници и три паралелки во изолација, додека во средните училишта, имаме 11 професори кои биле позитивни на тестот.

Во моментов има 984 активни случаи на корона вирус во Тетово и околината. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени со корона вирус во овој регион достигна на 4.410 случаи, додека 173 лица починале.

И покрај високите бројки, на градските улици сè уште може да се видат луѓе кои не носат заштитни маски.

СВР Тетово за една недела изрече парични казни за 463 лица затоа што не носеле маски.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button