МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.

„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и, пред сѐ, Копенхашките критериуми за членство. А, тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.

Како што додаде, во изборната кампања се разгорел говор на омраза, кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button