ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир ѝ ја честита победата на Силјановска-Давкова

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честита победата на претседателските избори на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Гир додава оти со новата шефица на државата очекува тесна соработка за европската иднина на С Македонија.

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, пишува амбасадорот на Европската Унија во земјава во објавата на Икс.

Во одговор на честитката на Гир, Силјановска-Давкова вели оти и таа очекува продолжување на соработката за заокружување на интеграцијата на земјава во Европската Унија.

„Почитуван амбасадор Гир, очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка за заокружување на македонската европска интеграција, нашиот клучен национален стратегиски проект“, вели Силјановска-Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button