ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со услови за пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во прогнозата се вели дека во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 7 до 13 степени, а во текот на денот ќе достигне од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Наутро температурата ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 22 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button