ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Битиќи и Костадинов поднесоа оставки од потпретседателските функции во СДСМ

Двајца потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, си поднесоа оставки од партиските функции, кратко по објавувањето на резулатите од вчерашните избори на кои нивната партија загуби.

Одлуките за поднесените оставки, Битиќи и Костадинов ги објавија на своите профили на Фејсбук.

Битиќи, кој е и вицепремиер за економски прашања во владата во заминување, а беше и носител на кандидатската листа во Изборната единица 2, во објавата вели дека оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување на СДСМ.

Битиќи вели дека неговата оставка ќе биде целосно ефикасна кога и другите колеги што го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото, „од прв до последен“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button