СПОРТФУДБАЛ

Де Лихт: Судијата ја призна грешката при поништениот гол!

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето од Лигата на Шампионите, каде што ќе играат против Борусија Дортмунд, откако вечерва во драматична средба со фантастичен пресврт на домашен терен го совладаа Баерн Минхен со 2-1. „Кралевите“ со двата гола на Хоселу во 88. и 90. минута стигна до голем пресврт, откако претходно Алфонсо Дејвис му донесе водство на гостинот. Германците на крајот имаа шанса да се вратат „дебело“ во судиското продолжение, но во тоа беа спречени од брзоплетоста на судиите.

Де Лихт погоди во 104. минута, но помошникот судија уште на стартот на акцијата го крена знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш досуди недозволена, без да дозволи акцијата да заврши па доколку подоцна има потреба да биде проверено се со ВАР. А, првичниот впечаток е дека немаше офсајд и дека ако немаше реакција Баерн Минхен ќе дојдеше до вториот погодок. Гледано од анализата на германските медиуми се чини дека Баерн е сериозно оштетен во оваа ситуација.

„Не сакам да кажам дека Реал Мадрид секогаш има судии зад себе, но баш тие ја направија разликата денес. Мислам дека сите ги знаеме правилата. Доколку ситуацијата во офсајд не е јасна, не смеете да ја прекинувате акцијата со подигнато знаменце. Тоа е правилото. Помошникот судија по натпреварот ми ја призна грешката и ми се извини.

Сметам дека одлуката е СРАМНА. И голот на Хоселу беше на работ на офсајд и им беше дозволено да продолжат да играат, па зошто не ни дозолија нам?“, гласно праша холандскиот фудбалер.

Реал Мадрид ќе игра за својата петнаесетта европска титула на први јуни на „Вембли“ во Лондон во финалето против Борусија Дортмунд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button