ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните разочарани од новогодишно Скопје: „Катастрофа, центарот е за никаде!“

Граѓаните разочарани од новогодишно Скопје: „Катастрофа, центарот е за никаде!“

Останува помалку од една недела пред новогодишната ноќ, а во центарот на Скопје се прават последните подготовки за пречекот.
„Помалку украсено од минатите години, нема кој да слави – сите си заминаа, нема пари“, беа дел од коментарите на граѓаните што ги сретнавме во центарот на градот”, рече еден граѓанин.

Advertisements

„Центарот е за никаде веќе ја нема таа убавина, за жал. Ова е сурово. Нема држава, нема влада, нема кој да се грижи за оваа држава, што да кажам, се испразни и гледате колку повици за работа има, нема работници, сите си заминаа“, нагласи друг грѓанин.

„За во центар најавија дека ќе има добра програма и оти во овие куќарки ќе има мезе и пијалоци за да се освежиме. Некои се жалат дека не е доволно украсено. Што мислите вие? Секој со своето мислење, ние сакаме да се споредуваме со големите економски држави Германија, Англија, но колку што можеме“, додаде друг граѓанин.
граѓанин
„Дали сте подготвени да ја прославите Новата година? Подготвени сме. За нас новата година е иста како и секој друг ден. Каде ќе славите? Дома. Оди од лошо на полошо. Зошто? Сè е скапо, ќе си останеме дома, сè поскапе, а центарот е катастрофа.“

Новогодишната елка деновиве беше во фокусот на негативните коментари на јавноста, особено на социјалните мрежи. По многубројните реакции и иронијата за нејзината големина, градските власти решија да додадат уште неколку украси кои градот Скопје ќе го чинат 30.000 евра./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button