ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ бара општина Тетово да го тргне крстот од Шапка

ДУИ бара општина Тетово да го тргне крстот од Шапка

Огранокот на ДУИ од Тетово го обвини Движењето БЕСА дека не презема никакви чекори за отстранување на крстот на Попова Шапка, кој беше поставен минатиот месец. Според ДУИ, крстот бил воспоставен со знаење и дозвола на БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ.

„Во отсуство на работа и визија, урбаната мафија која ја води општина Тетово очајно се обидува да манипулира со верските чувства на граѓаните на Тетово. Со оглед на тоа што на вонредната седница на Советот на општина Тетово општинските службеници јавно признаа дека се свесни оти крстот ќе биде поставен на Шапка и не презедоа никакви дејствија, јасно е дека станува збор за координирани дејствија помеѓу Движењето Беса и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДУИ – Огранок во Тетово.

Шефот на тетовскиот општински инспекторат, Седат Сулејмани, рече дека одлуката за отстранување на крстот е веќе донесена и се очекува нејзино извршување.

„Има одлука крстот да се тргне, има одлука да се тргне и испратена им е. Во Тетово има околу 5.000 објекти за кои има одлука за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме и кога ќе дојде до тоа, ќе биде направено“, нагласи Седат Сулејмани, Шеф на Општински инспекторат Тетово.

Движењето БЕСА презентираше документи со кои велат пренамена на пасиштето во градежно земјиште за изградба на црквата на Шапка било направено со одлука на Владата. Крстот во дворот на манастирот „Свети Наум Охридски“ беше подигнат на 17 ноември. Од Советот на Манастирот во изјава за Алсат рекоа дека крстот бил поставен без дозвола на општината Тетово./Алсат.мк

Башлим Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button