РЕГИОН

Генералштабот на српската армија покрена иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок

Генералштабот на српската армија покрена иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок

Генералштабот на српските вооружени сили  покрена иницијативата и му предложи на претседателот Александар Вучиќ повторно  да се воведе обврска за служење на воениот рок, во времетраење до четири месеци, соопштија  од Министерството за одбрана.

Advertisements

Како што се наведува во соопштението, тоа е направено со цел да се зголемат одбранбените способности на вооружените сили на Србија, преку подмладување и подобрување на пополнувањето и обуката на активните и резервните сили.

„Предлогот на Генералштабот на српските вооружени сили доаѓа по детално разгледување на општата безбедносна ситуација и современите предизвици со кои се соочува Република Србија како воено неутрална земја, што наметна потреба од прилагодување на моделот на регрутирање на српската Вооружени сили, со што би се овозможило зајакнување на севкупниот регрутен потенцијал и обука на поголем број граѓани за одбрана на нашата држава“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button