СПОРТ

Рафаел Надал се враќа за турнирот во Доха?

Рафаел Надал веднаш по враќањето на тенисот, пак се соочи со проблеми со повреда. Поради тоа го откажа учеството на првиот Грен слем турнир, Австралија Опен.  Тој не најави кога планира да се враќа и какви се прогнозите, па според анализите на „Еуроспорт“ тоа може да биде побргу од очекуваното. Надал би можел да заигра тенис уште во февруари, на АТП турнирот од серијата 250 во Доха.

Advertisements

Станува збор за турнир кој се игра од 19 до 24 февруари, меѓутоа дотогаш Надал го чека многу работа. Тој заигра тенис по долга пауза, ги победи Тием и Кублер, меѓутоа патот во Бризбејн го прекина против Џордан Томпсон во третото коло.

Главната цел на Надал, иако јавно не ја признава е да биде во топ-форма за турнирите на земјена подлога, особено за Ролан Гарос. /Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button