ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Драматично на Исланд – Лавата влезе во Гриндавик и голта се пред себе

Лавата пристигна до првите куќи во близина на Градот Гриндавик. Две куќи горат откако лавата се разлеа низ населбата, по новата изненадна ерупција на вулканот.Првата куќа се запалила веднаш откако лавата пристигнала до неа.  Итната медицинска помош јави за претпазливост. Порачаа лугето да не се приближуваат до овој град.

Ерупцијата предизвика страв и трепет како кај жителите на Гриндавик така и кај надлежните.

„Она што го видовме утрово беше брз проток на магма од вулканскиот систем што минува низ Гриндавик и во споредба со она што се случи на 18 декември, оваа магма мигрираше на југ кон Гриндавик. За среќа, добивме предупредувања, па добивме зголемена активност за земјотреси, а сето тоа беше доставено до Цивилната заштита, па градот Гриндавик беше евакуиран рано утринава. Ерупција започна пет часа подоцна, по започнувањето на сеизмички немири, па во 8 часот утринава. Она што го гледаме дека се случува сега, е дека нова пукнатина се отвори уште поблиску до Гриндавик. Така, сега имаме пукнатина долга преку километар што исфрла лава, а лавата тече кон Гриндавик. Има бариера, бариера од лава која е изградена (за заштита на градот), но за жал оваа пукнатина се пропагирала низ бариерата, така што дел од лавата е на погрешната страна од бариерата“. – изјави Кристин Јонсдотир, раководител на Одделот за вулкани, земјотреси и деформации во Исландската метеоролошка канцеларија.

Градот брои 4.000 жители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button