РАКОМЕТСПОРТ

“Имавме многу лесно продадени топки во напад”

По официјалниот прес по мечот со Германија, селекторот Кирил Лазаров, како по обичај собра сили за краток осврт пред македонските новинари. Некако како „дежа ву“ од дуелот со Франција дојде оваа средба со претставниците на седмата сила. Лазаров го повтори истиот став – дека ни се случува повторно голем број на технички грешки и загубени топки во нападот, а против големите сили невозможно е да се успее така.

„Се сложувам дека ни се повторуваат истите работи како од мечот со Франција. Имавме многу лесно продадени топки во напад. Ако ништо друго сега барем имаше пожртвуваност и борбеност во одредени моменти. Мислам дека имаме проблем при игра ‘шест на шест’ со вакви репрезентации, многу лесно ги губиме топките и одиме кон пасивна игра. Со толку топки дадени во нивна рака и со таква игра не можете да ѝ парирате на една Германија. Иако на моменти париравме и дадовме сè од себе, сепак потрошивме сила и против Германија и против Франција, а на крајот резултатот е таков каков што е. Можеби имавме шанси за подобар скор во двата натпревари, но во овој момент двата противници се класа подобри од нас“, вели Лазаров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button