СПОРТФУДБАЛ

Баерн Минхен без португалецот Гереиро против Реал во Мадрид

Левиот бек на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Португалецот заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3-1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра в среда од 21:00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2-2 и ниту една екипа нема изразита предност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button