СПОРТФУДБАЛ

Марсело Биелса покани футбалер аматер во репрезентацијата на Уругвај?!

Поранешниот тренер на нашиот Џани Алиоски во Лидс, Марсело Биелса сака во репрезентацијата на Уругвај, на чија клупа седи, да покани фудбалер-аматер. Станува збор за напаѓачот Валтер Домингез

, кој има 24 години и игра за Хувентуд де Сориано, кој се натпреварува на аматерско ниво. Тој сезонавапостигна 38 гола на 19 натпревари, додека на последните 39 меча дури 57 пати ја затресе противничката мрежа.

Биелса со ова сака да направи изненадување, но истовремено е и приморан на вакви потези пред пријателскиот натпревар со Костарика (31 мај), бидејќи нема да може да смета на играчи од екипите на Насионал, Пењарол, Ливерпул, Расинг и Данубија поради настапите во Либертадорес и Куповите на Јужна Америка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button