СПОРТ

Мбапе го прифати предизвикот на Болт за трка на 100 метри

Францускиот фудбалски репрезентативец, Килијан Мбапе, денеска одговори дека е подготвен да го прифати предизвикот и да ги одмери силите со пензионираниот атлетичар, Јусеи Болт, кој се уште е светски рекордер.

Ѕвездата на ПСЖ е свесен дека атлетичарот од Јамајка е побрз од него, но смета дека трката би била многу забавна.

„Болт е голем шампион и навистина му се восхитувам на се што направи во кариерата. Ова не го велам затоа што неодамна кажа убави зборови за мене, туку навистина го мислам тоа. Тој е еден од најголемите спортисти во модерната историја. Видов дека Болт рече дека би сакал му му застанам на линијата и подготвен сум за тоа. Тој е секако побрз од мене, би ме победил без проблем, но мислам дека ваквата трка би била многу забавна, па ајде да ја одржиме“, изјави Мбапе.

Болт на „стотка“ има време од 9,58 секунди, што и му го донесе епитетот „најбрзиот човек во историјата“, додека Мбапе истото растојание го има истрчано за 10,9 секунди. Засега нема детали кога и каде би се одржал овој спектакл.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button