СПОРТФУДБАЛ

Поранешниот шпански селектор го менува Мојс кај Вест Хем

Поранешниот шпански селектор се наоѓа пред потпис со друг клуб од најсилните европски лиги. Шпанецот Јулен Лопетеги веројатно ќе го преземе Вест Хем.

Островските медиуми пренесуваат дека раководството на „чеканите“ е блиску до договор со шпанскиот стручњак кој треба да го наследи Дејвис Мојс. Договорот на шкотскиот стручњак истекува на крајот од сезоната и клубот нема да му понуди нов.

И покрај пласманот во четвртфиналето на Лига Европа и моментално деветтото место во Премиер лигата, голем дел од навивачите на Вест Хем не се задоволни од стилот на игра на тимот под команда на Мојс.

Покрај Лопетеги, Вест Хем беше поврзуван и со Жозе Мурињо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button