Економијата и Планот за раст за Западен Балкан во фокусот на лидерскиот состанок во Скопје

Заложбите за економскиот напредок и Планот за раст на Западен Балкан, го одбележаа почетокот на состанокот на лидерите од регионот кој започна утрово на 22 јануари во Скопје.
Учесниците при доаѓањето на средбата, пред новинарите не ги споменаа политичките прашања од регионот туку се фокусираа на најавите за реформи кои се потребни за да се оствари Планот за раст.
На состанокот, чиј домаќин е македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, пристигнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и премиерите на Албанија, Косово и Црна Гора – Еди Рама, Албин Курти и Милојко Спајиќ. Присутни се и помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во ЕК, Герт Јан Копман.