
Леброн Џејмс е избран за свој рекорден 20-ти едноподруго старт на НБА Ол-Cтар натпреварот кој ќе се одржи на 18. февруари во Индијанополис.
За разлика од Леброн, пак, херојот од домашниот град Тајрис Халибартон доби првпат можност да биде стартер на еден ваков натпревар, кој ќе ја претставува Индијана како стартер за Истокот. Ќе му се приклучат Демијан Лилард од Милвоки, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, лидерот на Милвоки, Јанис Антетукомбо и Џејсон Татум од Бостон.
Леброн Џејмс за Западот, во стартната петорка ќе ги има и Лука Дончиќ од Далас, Шеј Александер од Оклахома, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, и Кевин Дурант од Феникс.
Прв Ол-стар натпревар на Леброн Џејмс беше во 2005 година и од тогаш 20 пати по ред е стартер на овој спектакл.