ЕКОНОМИЈА

Фондацијата Едуката ги одбра стипендистите на јавните универзитети во Скопје

Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира седум редовни студенти, запишани првпат на

студиската 2023/2024 година на додипломски студии од првиот циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката ќе обезбеди стипендии за:

  • С.З. студент на студиите од Медицински факултет
  • Н.И. студент на студиите од Медицински факултет
  • Ф.Т студент на студиите на ФЕИТ
  • Е.Ќ. студент на студиите на Филозофски факултет, насока социјална едукација и рехабилитација
  • Ј.С. студент на студиите на Филозофски факултет, насока социјална едукација и рехабилитација
  • С.Т. студент на студиите на Филозофски факултет, насока социјална едукација и рехабилитација
  • Н. А. студент на студиите на Филозофски факултет, насока социјална работа и социјална политика

Стипендистите беа одбрани по извршената евалуација согласно конкурсот кој беше отворен од 01.12.2023. Наша цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.

Директорот на фондацијата Едуката, Оливер Арсовски најави дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, доколку бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button