ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ: Креаторите на политики кои покажаа дека се грижат само за сопствените интереси и не се грижат за правата на работниците

ССМ: Креаторите на политики кои покажаа дека се грижат само за сопствените интереси и не се грижат за правата на работниците

Во отвореното писмо до јавноста, Сојузот на синдикатите посочува дека работничкото движење во Македонија се соочува со сериозен предизвик поради односот на креаторите на политики кои покажаа дека се грижат само за сопствените интереси и не се грижат за правата на работниците. Синдикалците бараат враќање на трошоците за храна и пат, што според нив претставува најмалку 20% од платата на работниците на национално ниво. Во првите 100 дена од доаѓањето на новата влада, тие ќе бараат зголемување на минималната плата на 450 евра, следејќи го трендот на земјите од регионот. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека ако тоа не се постигне, малкуте преостанати работници ќе ја напуштат земјата.

Инаку, просечната исплатена бруто месечна плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесувала 58.967 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата на вработените во февруари годинава изнесува 39.276 денари и споредено со минатата година е повисока за 16,5 отсто, се вели во извештајот на Заводот за статистика.

На 1 мај е најавен масовен протест на кој работниците ќе го изразат своето незадоволство. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, побара да се покаже одлучност во заедничката борба за подобро утре и за работничките права. На Меѓународниот ден на трудот, протестот ќе започне во 11:00 часот од пред Работничкиот дом до Собранието – Стопанската комора – Влада./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button