ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судење против Мерко, по ставањето на црната листа

Судење против Мерко, по ставањето на црната листа

Ако не беа САД, кривичните пријави за се уште актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко ќе беа во фиока и ќе немаше обвинение, смета адвоката Владо Чингоски. Обвинителното столче во струшкиот основен суд, на кое во петокот требаше да седне, Мерко, остана празно. Тој не се појави на почетокот на судскиот процес, во кој е обвинет за спорната набавка, на луксузното Ауди А6 вредно 67000 евра и уште три други автомобили за општинските потреби,за кои од општинскиот буџет беа потрошени 114.000 евра.

„Повторно кривичните пријави ќе беа во фиока во Обвинителството и немаше да се процесуираат. Но ете го ставија на црна листа и сега да покажеме ние дека можеме да бидеме правна држава, одма ги процесуираме тие кривични пријави. Зошто сега пред избори тоа веќе е политика. Неможеме да прејудицираме каква ќе биде одлуката, дали ќе биде осуден или нема да биде. Да не не чуди да си биди ослободен или да помине со некоја симболична казна,условна пресуда“, рече Владо Чингоски-адвокат.

„Не очекувам дека Обвинителството и судството ќе станат независни од политички притисоци и после изборите.Судбината на Мерко зависи од политичките прилики после изборите“, додаде Димитар Николовски-Евротинк.Чингоски вели и самата ДУИ требала да побарала оставка од Мерко веднаш.

„Од ДУИ ако мислеа дека треба да се оградат од него за да бидат во корелација со нашиот стратешки партнер, требаше да побара оставка од него“, нагласи Владо Чингоски-адвокат.

Од Јавното обвинителство не кажуваат, колку предмети за Мерко, се во истражна и предистражна постапка.

„Со цел заштита на тајноста на постапките, Јавното обвинителство не е во можност да обелоденува информации за поднесени пријави за конкретни лица по кои се уште се вршат проверки на наводите во предистражна постапка“, велат од ОЈО.

Дел од предметите поднесени против Мерко од 2006 во меѓувреме застареа./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button