ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Алкалоид“ во првите три месеци од годинава оствари продажба од 79,9 милиони евра

„Алкалоид“ во првите три месеци од годинава оствари продажба од 79,9 милиони евра

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во првите три месеци од годинава оствари продажба од 79,9 милиони евра и пораст на извозот од 14%. Од јануари до март во оваа компанија биле вработени 90 лица. Според билансот на успех, во периодот од јануари до март годинава, продажбата достигнала 10 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Додека консолидираните продажби се зголемени за 13 отсто. Од вкупниот број на консолидирани продажби, 27% се остварени на локалниот пазар, додека 73% на странски пазари. Најголем раст на најголемите извозни пазари бележи Велика Британија, кој е четири пати поголем од истиот период лани, а потоа следат Грузија и Украина.

Во периодот јануари-март се ангажирани 90 нови лица, додека со одлука на Управниот Совет одобрена и исплатена е регресот за годишен одмор на вработените во претпријатието, во износ од 40.500 денари. Групацијата „Алкалоид“ има 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, додека 695 се вработени во странство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button