МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следните 100 дена се суштински за да имаме кредибилен изборен процес

Следните 100 дена се суштински за да имаме колку толку кредибилен изборен процес. На секој човек му е јасно дека на следните избори ќе победи ВМРО ДПМНЕ. Целта ни е да освоиме 61 пратеник за да се овозможи целосна трансформација на Македонија, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisements

Тој нагласи дека ќе покажат нешто поразлично од ова што било досега и додаде дека петте нивни претставници во техничката влада ќе го покажат тоа во следните 100 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button