СПОРТФУДБАЛ

Замена за Клоп, прв избор на навивачите на Ливерпул е Чаби Алонсо

Јирген Клоп денеска го изненади фудбалскиот свет откако соопшти дека си заминува од Ливерпул по крајот од сезоната, веќе почнаа муабети кој би можел да биде неговиот наследник на клупата на Енфилд.

Прв избор на навивачите на Ливерпул е Чаби Алонсо. Нивниот поранешен играч стана успешен тренер и во моментов има неверојатна серија, уште нема загубено со Леверкузен оваа сезона.

Чаби Алонсо веќе покажа дека е голем тренер, па се чини дека токму тој би бил идеално решение за наследник на Клоп. Алонсо за Ливерпул одигра пет сезони, од 2004 до 2009 година кога се пресели во Реал Мадрид. Покрај Алонсо, слободни тренери кои би можеле да бидат кандидати за наследник на Клоп се Жозе Мурињо и Антонио Конте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button