ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Каевски: ВМРО во паника бараат алиби за изборното фијаско што ги чека

Каевски: ВМРО во паника бараат алиби за изборното фијаско што ги чека

Пратеникот Дарко Каевски во своето обраќање рече дека СДСМ ќе ја поддржи новата техничка влада. Во меѓувреме, тој рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е алиби за изборното фијаско што ги очекува, пренесува Алсат.

Advertisements

„Прв е интересот на државата, пратениците на СДСМ ќе ја поддржат техничката влада во Собранието на Република Северна Македонија. Нема да дозволиме  деструктивни сценарија на ВМРО. Нервозни се поради изборниот дебакл што ги очекува“, рече Каевски

Ставајќи го интересот на државата на прво место пратениците на СДСМ како прогресивна и проевропска партија, заедно со пратениците од мнозинството, ќе ја поддржи техничката Влада во македонското Собрание, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски од собраниската говорница при изборот на техничката Влада.

-Нема да дозволиме ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и на парламентарните избори. Заедно со мнозинството пратеници, заедно со граѓаните нема да дозволиме деструктивните сценарија на ДПМНЕ да успеат. Во изминатите години СДСМ покажа дека е демократска партија која знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја. Така и ќе продолжиме, рече Каевски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button