ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Ја искритикува СДСМ дека ја продале државата.

„Еден дезертер поднесе оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја. Вака пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата дискусија по експозето на мандатарот Талат Џафери за состав на техничката влада, притоа мислејќи на Димитар Ковачевски, кој според ВМРО-ДПМНЕ, избегнал служење на воениот рок, додека Талат Џафери ја напуштил Армијата за да се приклучи во ОНА во 2001 година. Mилошоски наглси дека не е законски партија со помал број пратеници да има технички премиер“, рече Милошоски.

Ниту овој што стана од фотелјата, ниту тој што ќе седне, немаат искрени чувства кон Македонија. Не очекувајте, почитувани симатизери од СДСМ, вашата партија нема доволно пратеници за да го избере Џафери. Но направија СДСМ да биде привезок на ДУИ.

„СДСМ; ЛДП и НСДП како верни слуги на ДУИ македонскиот народ го направија кираџии во својата држава. Тие приредија дуизација на Македонија. Затоа, ова е историски ден затоа што Македонија има историски највисок долг, најлошо здравство, влада со историски највисока корупција во регионот. 20 отсто од жителите на Гостивар, местото на Џафери, се иселија благодарение на ‘европската политика’ на ДУИ. Талат им ги завери во Собранието сите корутивни договори“, рече Милошоски, наведувајќи повеќе договори кои, според него, се неуспешни, но коруптивни.

Тој особено ги наведе како коруптивни договорите за автопат кон Охрид, потоа законот за игри на среќа, а ДУИ, како што нагласи Милошоски, од декларирана зелена партија, стана коцкарска партија.

„ДУИ и СДСМ имаат 40 милиони евра за коцкарски апарати, а немаат пари за поддршка на студентите“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button