ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието се избира техничка влада

Во Собранието се избира техничка влада

Во Собранието во тек е 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на техничка влада.

Дневниот ред беше изгласан со 66 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата имаше регистрирано 108 пратеници.

Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

„Не е битно дали се работи за техничка влада со рок од еден или 100 дена работа, ќе работам наполно професионално и нема дозволам какви било манипулации во однос на демократскиот процес. Јас и владата што ќе ја предводам ќе работиме на спроведување на успешните досегашни политики, како и согалсно стратешките определби за интеграција на земјата во ЕУ до 2030 година“, рече Џафери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button