
Давид де Хеа повеќе од половина година е без клуб, откако шпанскиот голман најпрвин не доби нов договор со Манчестер Јунајтед, а потоа одби неколку понуди како слободен играч да замине во нова средина.
Де Хеа не криеше дека би сакал да игра за тим со сериозни амбиции, но веќе и на шпанскиот ветеран му стана јасно дека тоа нема да биде случај бидејќи ниту еден од заинтересираните клубови нема квалитет за борба за највисок пласман во своите држави.
Поради ова, голманот ги намали сопствените очекувања, па сега се наоѓа многу блиску до потпис со нов клуб. И тоа во Саудиска Арабија, каде Де Хеа би требало да ја продоли кариерата на голот на Ал Шабаб. Овој клуб покажува сериозни амбиции во последните месеци, денеска ќе го комплетира трансферот на Иван Ракитиќ, по што вниманието целосно ќе биде насочено кон Де Хеа. Овој 33-годишен голман начелно ги прифатил понудените услови за трансфер на две и пол сезони, па останува да се договорат само уште неколку детали пред истиот да биде официјализиран.