СПОРТ

ВТА: Ѓорческа на 243. место, Швјонтек се уште на првата позиција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија Опен се наоѓа на 243. место на најновата ВТА листа, со 312 освоени поени.

Таа за учеството во квалификациите на Грен слем турнирот освои два поена. Втората македонска тенисерка која има ранг, Магдалена Стоилковска, нема промени во рангирањето и поените со девет поени се наоѓа на 1.216. место. Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад од пет места и се наоѓа на 377. место со 226 поени.

Арина Сабаленка. и покрај новиот триумф на Австралија Опен. останува на втората позиција на ВТА листата, зад полската тенисерка Ига Швјонтек. Трета е Коко Гоф, која напредуваше за едно место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button