Од утре, во „Пролет“ само со закажани термини за документи

Граѓани доаѓаат уште од од 02:30 часот изутрина и чекаат ред за промена на личните документи. Гужвата за нивно менување продолжи и денеска. Освен пред полициската станица „Пролет“ граѓани чекаа и пред други станици да си ги сменат личните документи. Рокот за промена на личните документи е до 12 февруари, односно уште само шест дена.
Граѓаните се жалат на неорганизираност.
„Тука сме скоро 6 часа, што да правиме, ни треба документ за надвор од државата. Идеално решение би било секоја општина да има шалтери и што повеќе да работи и да се регулира“, велат граѓаните.
„Овде сум од 7:00 часот и ќе чекам уште час и половина. Катастрофа, има луѓе кои тука се од 02:30 наутро“, вели еден од граѓаните.
Од утре во Полициската станица „Пролет“ граѓаните ќе треба да закажат за да ги добијат новите документи. Според МВР, од среда на пунктот „Пролет“ ќе работат 14 базни станици каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи.
Авни Тахири