ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставки

Двајцата министри од Алијанса за Албанците, министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на вонредна прес-конференција соопштија дека според статутот на нивната партија не може да се донесе одлука за именување или разрешување министри, пишува Алсат.

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Алиу.

Тој информираше и дека законите кои овие двајца министри ги предложиле денеска, со одлука на Артан Груби не поминале, а сето тоа според нив за политички реваншизам кој бил синхронизиран со дел од АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button