ВЕСТИЗДРАВСТВО

Поради штрајкот на вработените во ФЗО илјадници може да останат без плата

Над 5.000 вработени во здравствениот систем можат да останат без јануарските плати! Причина е што оние оние кои обработуваат плати во Фондот за здравство се во генерален штрајк. Вработените во Фондот на вториот ден од штрајкот примаа само итни случаи на пријавување новороденчиња ,приеми во болници и за лекување во странство. Додека револтот е голем кај граѓаните, незадоволството почна да расте и кај лекарите со оглед на тоа што треба да земат плати до 10 февруари. Без капитација ќе останат и матичните лекари кои имаат договор со Фондот.

„Ако нема стабилни плати за вработените во фондот кои штрајкуваат, нема да има ниту за другите. Во целиот јавен здравствен систем околу 20 илјади вработени земаат плата од Фондот за здравство, што значи дека во овој период кога требаше да се обработат платите ќе останат без плати, за жал како резултат на препораката на Владата која не турна да одиме во штрајк“, велат од Синдикатот на вработените во Фондот за здравство.

Од Синдикатот велат дека правото на капитација ќе им биде одземено и на приватните здравствени установи кои имаат договор со ФЗОМ.

„Се изземаат и сите приватни здравствени установи како општи лекари, стоматолози и гинеколози, како и приватните болници и поликлиники со вкупно околу 4.000 вработени“, додаваат од Синдикатот.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека ги поддржува здравствените штрајкови и дека прашањето ќе го отвори на владина седница. Тој им рече на новинарите дека прашањето не требало да му биде поставено.

„Ги поддржувам сите штрајкови што се случуваат. Тоа е свето право загарантирано со Уставот на Македонија. Отсекогаш сум бил со здравствени работници“, рече Меџити.

Од техничката Влада велат дека ќе ја преиспитаат препораката упатена до Управниот одбор на Фондот со која му се препорачува донесената одлука за зголемување на вредноста на бодот за декември да не важи за јануари, зашто нема пари во Буџетот.. За утре е најавен протест на здравствените работници од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button