Мекалистер: ЕУ правеше грешки и не ги исполни своите ветувања во процесот на проширување

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европската Унија правела грешки во процесот на проширување на Западен Балкан и не исполнила некои свои ветувања.
На прашањето зошто пристапниот процес со шесте држави од Западен Балкан напредува толку бавно, Мекалистер вели дека за тоа удел имаат и двете страни.
– Земјите од Западен Балкан направија премал напредок во реформите од многу различни причини. Од друга страна, ЕУ даде ветувања кои потоа не беа одржани. Погледнете го примерот со Северна Македонија, кандидат за членство од 2005 година. Земјата го смени своето име во 2019 година под грчки притисок, но пристапните преговори не се отворени до денес – спротивно на она што беше ветено, рече Мекалистер.