МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе биде светски феномен ако падне техничката влада

Техничката влада кај нас е светски феномен, што не постои никаде во свет и сметам дека би бил уште еден светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека според него тоа нема да се случи и дека техничката влада ќе успее да организира фер и демократски избори.

Ковачевски, исто така, посочи дека имаме неколку феномени во државата, како што се техничката влада, СЈО и ОТА, а кои, како што вели биле резултата на начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година.

– Еден феномен е техничката или Пржинска влада, втор феномен е СЈО, кое што веќе не постои и трет феномен е ОТА, што никаде во свет ја нема и тоа е се резултат на начинот на кој што владееше ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година, изјави Ковачевски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button